Петрит Хусеин и Демир Далип, како неформални лидери на Египќаните во Република Македонија, реагираат на неспроведувањето на Одлуката за Подигање на спомен обележјето на божицата Изида, која беше донесена, и изгласана од страна на Советот на Општина Охрид, а која беше прифатена без ниту еден глас „против“ и тоа на ден 31.10.2011 година, истакната во „Службен Гласник“ бр 10, заведена под број 08=3394/8 од 28.10.2011, и која истата има веќе Правосилен карактер.
Египќаните во мултиетнички Охрид, неофицијално се втори по бројност, плаќаат даноци, никогаш не изразиле граѓанска непослушност, туку напротив истите се лојални граѓани, и како автохтон народ, заслужуваат соодветен третман и внимание, велат тие.
Според, лидерите на Египќаните, ова за нив претставува индиректна дискриминација и маргинализација на Египќаните во Охрид, и ова е типичен пример како не треба да се однесува спрема едно малцинство, која секојдневно е на удар на дискримација, и асимилација, особено вработените Египќани по Јавните Претпријатија, кои исто така, од своите лични примања, плаќаат даноци.
Тие истакнаа дека не сакаат да се Политизира овој случај, но треба да се интензивира постапката, и истата да не биде само Одлука оставена само на хартија.
Лидерите на Египќаните, прашуваат уште колку време на оваа Локална самоуправа, и е потребна за оваа Одлука да се спроведе на дело?