Санирана штетата која беше направена врз скулптурата јагула

Со помош на Општина Охрид, санирана беше штетата што вандали ја направија на најдолгата скулптура на јагула во светот, изработена од дрво.

Авторот Сергеј Цунгулоски изрази благодарност до Општината и повика сите вакви вандалски чинови да престанат, не само на оваа скулптура, туку и на целиот инвентар кој се наоѓа во тој дел од градот.

Скулптурата на јагулата со своите 172 метри е најдолга во светот. Авторот Цингулоски најави дека работи на друг проект кој најверојатно ќе биде реализиран во странство поради неразбирањето од институциите во државата.