Србија ќе произведува високософистицирани ракети за Обединетите Арапски Емирати, изјави српскиот министер за одбрана, Александар Вучиќ.
Вучиќ во изјавата за РТС, веднаш по состанокот со престолонаследникот и шефот на таа држава, шеикот Мухамед бин Зајед ел Нахјан, рече дека со шеикот е постигната согласност за соработка на двете земји, а посебно во врска со вложувањето во наменската индустрија.
Договорено е на саемот за наоружување, емиратската државна компанија „EARTH“ и српскиот „Jugoimport“, да потпишат договор за заеднички развој и снабдување на ракетниот систем „ALAS“.
Предвидено е да се потпише договор за заедничка заштита на инвестиции, а основа за сите договори ќе биде и договор за меѓународна соработка.
Вучиќ е гостин во Емиратите од 16 до 18 февруари, кај престолонаследникот, шеикот Мухамед бин Зајед ел Нахјан.