Попуштила браната кај селото Слатино во општина Дебрца, извести Центарот за управување со кризи.
Според првичните информации, кои ги добивме од Центарот за управување со кризи, засега не постои голема опасност за жителите на овој регион.
Но, сепак од ЦУК велат, ситуацијата може да се влоши и доколку тоа се случи тие ќе реагираат соодветно.
Екипи на ЦУК, МВР и на повеќе охридски здруженија и организации се на терен, ја следат состојбата и велат дека се подготвени да реагираат што и да се случи.
Последен пат браната попушти во јануари 2011 година кога земјениот насип пропадна на површина од околу 80 квадратни метри. Слатинската акумулација служи за наводнување и е во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.