Терминот „Братство-Единство“ потекнува од едно минато време, иако во себе има содржина на взаемно почитување и соживот, сепак го надминало времето, бидејки на сцена е Парламентарната и непосредна Демократија. Но, основот за ова лежи, што денес, не сум убеден колку се почитува основното значение и пораката што го носи терминот Братство-Единство. Затоа, имаше и инцидент, а тие се создаваат кога „вештачки“ се одржуваат во живот така значајни термини, како маска или шминка, зад нешто што се прави, едноставно тој термин се „злоупотребува“ и не е одраз на објективната стварност. Основачи на тоа училиште се наставници Египќани, кои предавале на Албански јазик, и затоа, ќе бидам на чело на иницијативниот одбор, за промена на името на тоа училиште.
Јас, максимално ќе се заложам да прекине дискриминацијата врз Египќаните, со поднесување на кривични пријави. Оваа автохтона заедница, полека но сигурно, го добива својот статус во општеството. После Локалните Избори, имам во план да се повлечам од Политиката, каде се вложив себеси 15 години, и целосно ќе се посветам на науката.
Демир Далип, овластен претставник на Египќаните за надворешна соработка.
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.