„Апофис“ ќе удри во Земјата во 2068 година?

Астероидот „Апофис“ со должина од 325 метри, може да ја погоди Земјата во 2068 година, изјавија научниците од НАСА.

Овој астероид ќе помине на безбедна оддалеченост од планетата Земја во 2029 и во 2036 година, но може да ја погоди нашата планета во 2068 година. Иако шансите за удар се мали, сепак постојат.

Овој астероид е под будното око на научниците откако беше откриен во 2004 година. Од тогаш се вршат мерења со телескопски слики и се предвидува евентуален удар во наредните години.

Врз основа на досегашните оптички и радарски мерења, извршени во периодот од 2004 до 2012 година, Апофис ќе помине покрај Земјата во 2029 година, на многу мало растојание, а тука се јавува проблемот што Земјината гравитација може да влијае на астероидот да отстапи од патот и да удри во Земјата во некое негово наредно минување.