Бетмен си ја „брка“ работата

Еден маж, маскиран како Бетмен, приведе лице осомничено за кражби и и го предаде на полициската станица во Брадфорд, Англија.

Полицијата не го знае идентитетот на Бетмен, но затоа пак приведениот подолго време бил баран од страна на полицијата за кражби и измами.

Додека полицајците се справувале со осомничениот, Бетмен без да биде забележан, ја напуштил полициската станица.