Термини и локации за упис на млади таленти во кошаркарската паралелка

Термини и локации за селекција на млади таленти (машки и женски) за упис во кошаркарската паралелка во националната спортска академија 2013/14:

12 Март 2013 – 18:00 часот

Битола – Спортска сала „Младост“

(За деца од Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Демир Хисар, Крушево)

 

13 Март 2013 – 19:30 часот

Кавадарци – Спортска сала „Јасмин“

(За деца од Кавадарци, Неготино, Велес, Демир Капија)

 

19 Март 2013 – 18:00 часот

Струмица – Спортска сала на Средно училиште „Никола Карев“

(За деца од Струмица, Гевгелија, Валандово, Делчево, Штип, Виница, Кочани, Радовиш, Македонска Каменица)

 

21 Март 2013 – 18:00 часот

Куманово – Спортска сала на Средно училиште „Перо Наков“

(За деца од Куманово, Крива Паланка, Свети Николе, Пробиштип, Кратово)

 

25 Март 2013 – 16:00 часот

Скопје – Спортска сала на ОУ „Наум Наумовски Борче“, населба Маџари

(За деца од Скопје, Тетово, Гостивар)

 

27 Март 2013 – 16:00 часот

Скопје – Спортска сала на ОУ „Наум Наумовски Борче“, населба Маџари

(За деца од Скопје, Тетово, Гостивар)

– Сите деца, кои живеат во град кој не е напишан во распоредот, можат да дојдат на најбилската локација која им одговара, согласно распоредот на селективните тренинзи.

– За присуство на тренинзите од првата фаза на селектирањето, не е потребна никаква документација. За децата кои ќе бидат повикани во втората фаза, а не се членови на клуб и регистрирани со лиценца во МКФ, задолжително да донесат потврда од установа за спортска медицина дека се способни за тренинг и натпревар. Без таква лекарска потврда (само од спортска медицина), нема да биде дозволено да бидат дел од тестирањето во втората фаза.

– Завршниот термин за финалната селекција ќе биде дополнително објавен за кандидатите кои ќе ја минат првата селекција.

– Селекцијата на кандидати ќе ја изврши стручниот тим во состав: Д–р Бранко Крстевски, М–р Саша Димитријевиќ, Драган Василов, Анте Дуковски, претставник на АМС и претставник на МОН.

– Сите тестирања и селективни тренинзи ќе бидат снимани, а видео снимката ќе биде доставена до АМС и МОН заедно со комплетниот завршен извештај.

– За сите дополнителни информации во врска со селективните тренинзи и уписот во кошаркарската паралелка на Националната Спортска Академија, заинтересираните ќе можат да ги добијат од одговорното лице на следната е-маил адреса: jane.petkovski@basketball.org.mk