Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент од 11 до 14 март ќе одржи пленарна седница во Стразбур, на која по повод изминатиот 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената, ќе стане збор за инвестирање во обуки на работните места и женското претприемништво, за родовите стереотипи во Европската унија и заштита на женските права во Северна Африка.

Овие четири дена, европските пратеници ќе расправаат и за буџетот на Унијата, приоритетите на ЕУ Самитот и бројот на пратениците во Европарламентот по изборите 2014.

Исто така, ќе стане збор за мерките за промовирање на раст и работни места, за образованието и здравствената заштита. Европратениците ќе се заложат за нова земјоделска политика на ЕУ, која ќе обезбеди безбедност на храната и поеколошко земјоделство.

На дневен ред ќе се најдат и интегрирањето на мигрантите во ЕУ, справувањето со расизмот и ксенофобијата, местењето на спортските натпревари, актуелните состојби во Египет, Северна Кореја, Украина, Сирија и Мали, човековите права и демократијата.