Во Унгарија вчера измерени се 14,2 степени под нулата, што е најниска температура забележана на овој датум. Како што соопшти Националната хидрометеоролошка служба, таа температура е измерена во североисточна Унгарија. Најладниот 16-ти март во Унгарија претходно бил регистриран во 1932 година. Тогаш била измерена температура од -13°С, на југот на земјата.
Унгарија последните два дена ја погоди силно невреме проследено со снежна бура и силен ветер, поради што многу домаќинства останале без струја, а илјадници останале завеани на автопатиштата.