Македонскиот олимписки комитет го слави својот 21-ви роденден

Денес, 20 март 2013 година, Македонскиот олимписки комитет (МОК) го слави својот 21-ви роденден.

Утре, на 21 Март 2013 година, во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје (со почеток во 13:00 часот), ќе се одржи 22-то Собрание на Македонскиот олимписки комитет.

На ова изборно собрание ќе биде презентирана и безрезервната поддршка која Меѓународниот и Европскиот олимписки комитет ја дава на МОК, пред се со нови донации и програми односно ново транспортно возило (за потребите на МОК како и за транспорт на спортистите) и три нови проекти во вкупна вредност од преку 100.000 американски долари.

Во исто време, информираме дека на ова собрание присуство потврдија и амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Пол Волерс, амбасадорот на Велика Британија, Н.Е. Кристофер Ивон, амбасадорот на Народна Република Кина, Н.Е. Џи Веи, амбасадорот на Германија Н.Е. Гудрун Стајнакер, амбасадорот на Русија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак, амбасадорот на Холандија Н.Е. Хенриета Шурман и амбасадорот на Турција, Н.Е. Ѓурол Сокменсур.