Едно лице загинало при експлозија на мина во регионот на планината Љубина, на подрачјето на општината Коњиц во Босна, соопштува Федералната управа на цивилната заштита на Босна и Херцеговина.
Според информациите, Рамо Мариќ (50) заедно со неговата ќерка собирале печурки во таа област, а откако се раздвоиле, неговата ќерка слушнала детонација на стотина метри.
Телото го пронашле и извлекле припадници на деминерскиот тим од Мостар.
Од почетокот на војната во БиХ од 1992 година до денес од мини настрадале осум илјади лица. Дури 3% од територијата на БиХ е прекриена со мини. Околу 200 илјади мини се наоѓаат на 10 илјади локации ширум БиХ.
Со стратегија за делување за отстранување на мините, предвидено е Босна и Херцеговина да биде исчистена од мини до 2019 година.