Пет сноубордисти загинаа при лавина на планините во Колорадо. Надлежните служби велат дека лавината најверојатно ја предизвикале самите сноубордисти, била широка 600 метри, а длабока дури и до 2,5 метри.
Лавината се случила недалеку од скијачката зона Лавленд, а снегот го блокирал и автопатот.
На спасувачките екипи им требале околу четири часа да ги извлечат сноубордистите, кои настрадале и покрај тоа што имале специјална опрема за во случај на лавина, со локатори кои ја покажуваат нивната локација дури и низ голем слој на снег или мраз.