Според најновото откритие на руските научници, најстарата древна опсерваторија би можело да е во Сибир. До овој заклучок, после повеќегодишно истражување дојде професорот Виталиј Ларичев од Институтот за археологија и етнографија од Сибирскиот дел на Руската академија на науки. Тој тврди дека 16 илјади години старата сибирска карпа е местото од кое луѓето почнале да ги следат небесните тела, Месечината, изгрејсонцето како и заоѓањето на Сонцето…
„Ги нареков „Сибирски сандуки“ според слоевите на камењата, како џиновски кутии. Мистериозните наслаги, поради кои станав астроархеолог, покажаа дека древните луѓе ја познавале астрономијата. Без други инструменти, праастрономите користејќи џиновски камења, дури го пресметувале движењето на небеските тела“. – вели професорот Ларичев.
Околу тој дел за кој се тврди дека е праопсерваторија, откриени се уште многу други древни соларни и лунарни места. Рускиот научник тврди дека биле многу повеќе отколку места за сметање на времето. На вакви места се прават разни комбинации за тоа, како древните луѓе го гледале светот.