Џиновско, делумно фосилизирано јајце од таканаречена птица-слон, изумрен вид од Мадагаскар, беше продадено на аукција во Лондон, за речиси двојно поголема сума од првобитната.
Аукциската куќа „Кристи“ соопштува дека јајцето високо 30 сантиметри, со пречник од 23 сантиметри, е продадено за 101.813 долари од анонимен купувач кој лицитирал преку телефон.
Птицата-слон, истребена пред стотина години, наликувала на џиновски ној и можела да достигне висина до 3,4 метри. Нејзиното јајце е од 100 до 120 пати поголемо од едно просечно јајце од кокошка.