Локалната самоуправа ги отстрани бетонските топки на Кејот

Екипи ангажирани од Локалната самоуправа денеска започнаа да ги отстрануваат бетонските топки кои го попречуваа нормалното движење на кејот Маршал Тито.

„По иницијатива на Секторот за внатрешни работи за отстранување на сите препреки во градот, денеска се отпочна со отстранување на бетонските топки и препреки  на кејот Маршал Тито.“ – истакна Танас Танасоски, раководител на општинскиот инспекторат при Општина Охрид.

Претходно беа отстранети сите рампи во градот со кои се попречуваше нормалниот проток на возила во центарот на градот, а од денеска ќе бидат преземени градежни зафати за отстранување на бетонираните острови на кои беа поставени паркинг апаратите.

Екипи на ЈП „Нискоградба“ Oхрид денеска извршија санација на оштетувања на дел од градското пристаниште (пред Капетанија), предизвикано од големото невреме кое го зафати градот. Исто така, се врши интервенција на дел од  мрежата за одведување на атмосферската вода на потегот пред хотел Ројал.

WebOhrid