Монета од пет американски центи со главата од Кипот на слободата од 1913 година, продадена е на аукција во Чикаго за три милиони долари.
Оваа монета е една од најпознатите ретки кованици во американската нумизматика и постојат само уште 5 вакви во САД.
Американската ковачница ги произвела овие монети во ограничена серија.
Монетата е пронајдена во остатоците од еден автомобил кој учествувал во сообраќајна несреќа во 1962 година.
Рекордот го држи златникот од 20 долари, изработен во 1933 година, кој е продаден за осум милиони долари.