НАСА соопшти дека на Русија мора да и плати 424 милиони долари за превоз на астронаутите до Меѓународната вселенска станица (МВС) и назад за период од две години.
Според најновиот договор со Руската вселенска агенција, овие трошоци опфаќаат превоз со рускиот „Сојуз“ до МВС и назад, како и обука на шест астронаути во 2016 и 2017 година.
Неколку американски компании работат на тоа, како вселенските летала би се лансирале од американска територија, но за ова ќе бидат потребни уште неколку години. Вселенските летала моментално се лансираат од космодромот Бајконур во Казахстан.
Директорот на НАСА, Чарлс Болден, изјави дека не би имало потреба од нов договор доколку Конгресот го одобрел барањето за да се вложат повеќе фианнсиски средства во вселенската програма.