Италија се соочува со сериозен проблем, недостаток од пица-мајстори. За таа работа слободни се дури 6000 работни места.
И покрај економската криза и високиот степен на невработеност, Италијанците не ја сакаат работата како пица-мајстор, особено поради работното време и ниските плати.
Ова занимање најчесто го работат странски работници, особено Египќани кои ги имаат преземено поголемиот дел од пицериите во Рим, Милано и Торино.
„Ние сме добри во тоа, навикнати сме на тешка работа“, – истакна Амадео Ал Викел, кој пред 12 години дошол од Каиро во Рим каде отворил сопствена пицерија.
Тој вели дека Италијанците повеќе ја сакаат канцелариската работа, да работат по шест часа дневно, пет денови во неделата, и дека не се спремни да „рмбаат“ по десет или дванаесет часа дневно.
Друг сопственик на пицерии во Италија, Алесандро Роси, вели дека за повеќето Италијанци работата како пица-мајстор е тешка и понижувачка. Младите Италијанци сакаат скапи автомобили и елегантна облека и не се спремни да прифатат ваква работа, вели тој. Затоа празнината ја пополнуваат Египќани, Филипинци и Арапи.