Велигденско украсување на градот

По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, Локалната самоуправа го украси градскиот плоштад со традиционални велигденски јајца – симболот на воскреснувањето и повторното раѓање.

За Велигден има многу обичаи во светот, но само еден ги обединува сите – вапцањето на јајца.

Велигденското украсување на домот внесува дополнителна радост во славањето на новиот живот, па оттука и идејата да се украси и градскиот плоштад со  црвени велигденски јајца кои ќе светнат денеска на Велики Четврток, кога пред изгрејсонце се вапцува едно црвено јајце кое се смета дека има заштитна моќ и се чува на посебно место во куќата до следниот Велигден.

Плоштадот е украсен и со велигденски дрвца со шарени јајца кои веќе години наназад стануваат дел од начинот на одбележување на Велигден.

Во паркот на градскиот плоштад поставено е едно двометарско велигденско јајце и осум мали велигденски јајца.