Црвен крст Охрид, во недела, 15 мај организира еднодневно искачување на највисокиот планински врв на планината Галичица, „Магаро“ (2280 мнв).
На оваа планинска тура можат да учествуваат сите оние кои се чувствуваат психофизички способни и поседуваат стандардна планинарска опрема за искачувања на планина: планинарски чевли, планинарски ранец, (резервна топла облека, јакна за заштита од дожд и ветар, храна и вода, мин. 1,5 л., капа, очила и друга заштита од сонце).
Групата ќе ја придружуваат и водат членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид.
„Поаѓањето со автобус ќе биде на 12 мај (недела) во 8:00 ч. од пред седиштето на Црвен крст Охрид (ул. „Димитар Влахов“ 52). Цената за превоз изнесува 150,00 денари по особа. Заинтересираните лица потребно е да дојдат во просториите на Црвен крст Охрид, и да пополнат соодветна пријава за учество, секој работен ден од 8-15 ч., најдоцна до 10.05.2013. Искористете ја можноста да поминете еден возбудлив ден во дружење во прекрасен планински и здрав амбиент.“ – известуваат од Црвениот крст Охрид.