Австриецот Агадир Б. добил сметка од даночната служба на која бил известен дека мора да плати данок со износ поголем од 29 милиони евра.
Тој, за австрискиот весник „Хојте“ изјавил дека оваа сметка ја добил откако го пополнил формуларот за враќање на данок за 2008 година, кога тој заработувал по 600 евра. Тој вели дека буквално полудел кога го добил известувањето, а неговата мајка речиси доживеала нервен слом.
По нивните реакции до даночната служба, сметката е прогласена за неважечка, а добиле и извинување поради „техничката грешка“.