Родено бебе со 4,5 промили алкохол во крвта

Во Полска, 24 годишна жена под дејство на алкохол родила дете со 4,5 промили алкохол во крвта. Бебето е во критична состојба, соопштуваат од болницата.

Породувањето било извршено со царски рез, а мајката е донесена е во болница откако се онесвестила во продавница за алкохолни пијалоци. Имала 2,6 промили алкохол во крвта.

Случајот е пријавен до надлежните служби, со што мајката може да добие 5 години затворска казна, бидејќи го довела своето дете во опасност, а исто така може да го загуби и старателството над детето.