Паралелно со процесот на стекнување независност на Република Македонија во 1991 година, преку нејзиното зачленувањево рамки на меѓународните организации и други релевантни регионални организации и иницијативи, започна и процесот на нејзино етаблирање и позиционирање на меѓународен план преку воспоставување комуникација, развивање соработка и стекнување членство во меѓународните спортски организации. За целиот овој период, Република Македонија настојува да се промовира како одговорен субјект во меѓународните односи, прифаќајќи ги основните принципи и цели содржани во Повелбата на ОН како постулати врз кои се темели нејзината надворешна политика.
Во овој дел, битно е да се споменат билатералната и мултилатералната соработка кои националните спортски федерации од Република Македонија ги остваруваат самостојно преку неколку облици, и тоа:
1. Билатерална соработка со поедини спортски федерации од други земји поради размена на спортска експертиза поврзана со повеќе процеси кои се дел од спортот, односно: размена на тренери и останат спортски персонал, обуки по разни основи, размена на спортисти заради обезбедување соодветен спаринг во пресрет на настапи во рамки на некои позначајни меѓународни натпревари (во индивидуалните спортови), договарање пријателски мечеви (во екипните спортови);
2. Билатерална соработка со поедини национални спортски федерации од други земји заради координација и заедничко делување во рамки на меѓународните спортски асоцијации и одбрана на заедничките интереси, кои се најчесто регионални;
3. Билатерална соработка и унапредување на пријателството со посилни спортски федерации од други земји заради обезбедување донации;
4. Мултилатерална соработка и соодветно делување во рамки на европските и светски спортски федерации заради исполнување на многу аспекти кои се од обврзен карактер, вклучително поради следење и аплицирање за учество во рамки на програмите кои ги промовираат меѓународните спортски асоцијации со цел за потпомагање на националните спортски федерации во различни сфери на интерес.
Националните спортски федерации, исто така, во периодот од осамостојувањето до денес, го понесоа спортскиот субјективитет на самостојност и афирмација на Република Македонија преку зачленувањето и делувањето во рамки на меѓународните спортски асоцијации.
За време на својот престој во Малезија, каде директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски беше гостин на Годишното собрание на Светската бадминтон федерација, настан на кој присуствуваа преку 350 делегати од 160 земји од сите пет континенти и на кој оваа земја посвети големо внимание со оглед на тоа што и седиштето на истата се наоѓа во Куала Лумпур, каде благодарение на соодветното делување и негување односи нашата земја во оваа светска спортска организација е препознаена и формално се претставува под своето уставно име, на покана на Министерството за млади и спорт на Малезија, Пујовски во текот на вчерашниот ден го посети министерството каде оствари билатерална средба со Генералниот секретар Дато Мохид Мохамед.
Имајќи ја предвид определбата на Агенцијата за млади и спорт за унапредување на меѓународната соработка во областа на спортот заради трансфер на искуствата и влијанието на меѓународната спортска сфера врз националната и комплементирање на националните политики во спортот кореспондентно на политиките на Владата на Република Македонија, Пујовски и Дато Мохид Мохамед разменија искуства на своите земји од ресорните сфери. Во рамки на средбата, Пујовски ја искористи приликата да ja изрази намерата за разгледување на можноста за пристапување кон односните процедуралности со цел за формализирање на соработката преку потпишување соодветен договорен документ за соработка во областа на спортот и младите помеѓу двете држави за поддршка на концептите кои се однесуваат на врвниот спорт и продлабочување на соработката во сегменти каде низ меѓусебна поддршка и конкретни активности на секоја од страните, би се овозможило унапредување на одредени развојни концепти во областа на спортот и младите, онаму каде на истите им е потребна.
Меѓународната соработкана Република Македонија во областа на спортот следствено се одразува и со прилагодување на националното законско уредување кое ја третира оваа сфера со европските и светски стандарди во согласност и со меѓународните инструменти кои се однесуваат на дејноста спорт.
Мултилатералната и билатералната соработка допираат активности поврзани со меѓународни конвенции и останати односни акти од овој делокругот каде покрај елементите од соработката насочени кон заемно надополнување и асистенција заради подигнување на нивото на делување на Република Македонија во областа на спортот, постојат и оние од обврзен карактер во дел од сегментите кои поради нивната значајност постанаа и протоколарни сфери без чиј трeтман и задоволување на поедини законски уредби (кои се дел и од меѓународното спортско право) произлезени од истите, спортистите од Република Македонија не би можеле да имаат соодветен излез на меѓународната спортска сцена, ниту пак, при неисполнување на некои односни обврски, во Република Македонија би можеле да се организираат спортски настани од повисок ранг.