Стотици жители беа евакуирани во Норвешка поради поплавите предизвикани од обилните врнежи од дожд и топењето на снегот на планините.
Поради поплавите, затворени се и околу 50 патишта, како и две железнички линии.
Иако невремето и поплавите во последниве два дена направија голема материјална штета во Норвешка, за сега нема ниту жртви, а нема ниту повредени.