Денот на младоста беше празник со кој се славеше 25 мај – роденденот на Тито. На тој ден момчиња и девојки од цела поранешна Југославија ја носеа низ целата земја и му ја предаваа на Тито штафетата на младоста – своевиден симбол на посветеноста кон неговата оставнина. На иницијатива на Јосип Броз, Централниот комитет на народната младина на Југославија во 1957 година донесе одлука 25 мај да се слави како Ден на младоста.
Така Титовиот роденден станува празник на младите, а штафетата на Тито – Штафета на младоста.
Првата штафета на младоста тргна на 5 мај 1957 година од Кумровец, родното место на Тито. Секоја наредна година тргнуваше од друго место, за на 25 мај да стигне на завршната манифестација која се одржуваше на стадионот на ЈНА. Тито последен пат седеше во ложата на стадионот на Југословенската народна армија 1979 година, на неговиот 87 роденден.
Веќе многу години наназад за Денот на младоста во Куќата на цвеќето, каде што се наоѓа гробот на Тито, доаѓаат симпатизерите на делото на Тито од целата поранешна заедничка држава.
Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година во Љубљана и по сопствена желба е погребан во Куќата на цвеќето во Белград.