Се вика Димитрија, а се презива Стојчески. Доаѓа од село Завој. Поранешен полицаец и пограничен полицаец, вработен во Секретаријатот за внатрешни работи на Македонија. Ретко расположен пензионер со завидна пензија од многу илјади денари… Ужива да разговара за Југославија, за Тито и за времето поминато тогаш… ужива и да се слика и да салутира! Ние му овозможивме и да биде промовирана неговата фотографија како Урбана легенда за 25 Мај – Поранешниот Ден на младоста и Роденденот на нему омилениот Јосип Броз Тито. Ништо посодветно од датава денешна не можевме да погодиме ниту да потрефиме за неговата титова униформа со петокрака и со погранична значка на СФРЈ.
Е, па друже стари, среќен ти 25 мај – Ден на младоста!
Текст и фото: Дим Дон