Јавна расправа за влијанието на изградбата на автопатот Кичево-Требеништа и Подмоље-Охрид врз животната средина

Денес во салата на Општина Дебрца се одржа јавна расправа за влијанието врз животната средина, од изградбата на автопатот  А2 делница Кичево- Требеништа и на автопатот А3 делница крстосница Подмоље – Охрид.

Од страна на експертите за животна средина беа презентирани мерките со кои ќе се намали влијанието врз животната средина од споменатиот автопат.

На присутните им се обрати градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски кој истакна од какво влијание е изградбата на овој автопат не само за Р.Македонија туку и за Општина Дебрца во современото делување и функционирање на сите граѓани.

AvtopatDebrca02 AvtopatDebrca01