Драги мои, Египќаните како посебен и автохтон етникум, доколку сакаат да останат на принципите на нивната автентичност и автохтоност, треба експресно да се ребрендираат, политичко иделошки паралелно со враќање на моралниот вредносен систем, суштински елемент кои ги одржувало во „живот“ по природа лојалните, кротките и мирољубиви, работливи Египќани.
Отсуството на желбата за дефинирање на базичната идеолошка матрица и ориентираност паралелно со дискурсот на елементарното познавање и борба за своите права и слободи, како причинско последичен еквивалент, ги позиционира Египќаните во граѓани, кои стануваа/т, предмет на еден модерен робовладетелски однос, и тоа во 21 век. Ваквата неприродна поставеност визави модерните демократски процеси на институционална интеграција, како основен предуслов за функционирање на мултиетничката демократија, особено во кревките и „ужаснотешките“ за одржување, комплицирани мултиетнички општества, кои според својата хетерогена поставеност се осудени на пропаст/Хегел/, а за нивно одржување треба силно лидерство и практикување на основните начела на Демократијата, што во конкретниот случај во Охрид, за среќа го имаме преку институцијата Градоначалник, и по хоризонтала и по вертикала, во содејство и координација, со поддршка на медиумите и меѓународниот фактор, што донекаде остава простор за оптимизам за одржување во „живот“ на инаку пациент, во состојба на клиничка смрт.
Во такви услови, просторот за асимилација, е извонредно отворен, прво преку заеднички јазичнообичајно културни елементи/во услови на криза на идентитетот/, и второто ниво, тивка асимилација преку т.н. избор на линија на помал отпор, феноменот на дислокација на етничкиот дискурс, за добивање привилегии, преку свесно менување на идентитетскиот курс.
Драги мои, овие се причинскопоследничните појави, со кои мислам дека неминовно ќе се сретне Египќанскиот етникум, доколку навремено не почне да размислува во насока на почитување на сопствените вредности, сонародници, интелектуалци. Таа, фрапантна „револуционерна акција“ треба да опфати 3 нивоа:
Прво. Внатрешна организираност и мобилизација на сите расположливи интелектуални човечки ресурси, и веднаш да се престане да се размислува и талка по барање на „некој друг“ од страна да глуми лидерство, лидерството да се избира внатре во етникумот, почетно преку „колективно лидерство“.
Второ. Легитимни барања за институционална интеграција, притоа да се повика на одредбите на Охридскиот Рамковен Договор, интеграцијата да се овива и по хоризонтала и по вертикала, со што ќе се врати довербата во институциите на системот, по принципот на реципроцитет и партиципативна демократија.
Трето. Барање на меѓународна поддршка, околу дефинираните и со Устав права и слободи и конечно нивно остварување и уживање.
Преку овие демократско политички чекори, драги мои, ќе се осигура на долгорочен план опстанокот на заедницата на Египќаните, нивна достојна афирмација и заслужено интегрирана етничка автохтона и автентична заедница. Во спротивно, за многу краток временски интервал, може комотно да се случи „тотално распагање и исчезнување“ од етничката карта на Египќаните, што секако не е во интерес на државата и нејзините евроатлантски интеграции, но сепак од нас зависи.
Демир Далип (овластен претставник на Египќаните за надворешна соработка)
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.