Катар планира да започне со изградба на вештачки остров со вредност од 5,5 милијарди долари. Островот ќе биде лоциран покрај престолнината Доха каде ќе има повеќе хотели во кои ќе бидат сместени посетителите на Светското фудбалско првенство во 2022 година. Во Хотелите ќе можат да се сместат 25 илјади гости.
Катар, најголемиот извозник на природен гас најави дека до 2016 ќе вложи 40% од својот буџет во инфраструктурни проекти.