Во сабота – акција за кабаст отпад „Христо Узунов“, „Карабегомала“ и „Горна Влашка Маала“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид, ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 01.06.2013 год.(сабота) ќе се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  во населбите „Христо Узунов“, „Карабегомала“ и „Горна Влашка Маала“.

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.