Денес во посета на општина Охрид беше директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски. Во текот на посетата кај Билјанини Извори, директорот Георгиевскии и официјално го презеде управувањето на системот за осветлување на магистралниот пат кон Св. Стефан.
„Со директорот денес разговаравме за многу проекти кои што во иднина треба да се реализираат во Охрид. Тие ќе се голем дел од големи проекти, ќе бараат определено време и динамика и отпочнуваме веќе директни разговори со Агенцијата за државни патишта околу нивната реализација“. – изјави Секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески.
Спасески ја искористи приликата да им се заблагодари на директорот и на неговиот тим за целокупната поддршка која што ти му ја даваат.
„Ја искажавме нашата голема благодарност затоа што директорот уште од самиот почеток кога е избран градоначалникот и кога јас сум ставен на оваа позиција излезе во пресрет и веднаш со своите екипи интервенираше околу пополнувањето на определени ударни дупки во градот кои што беа проблематични, тоа е санирано и завршено“. – истакна Спасески.
Како што изјави Спасески, предавањето на уличното осветлување во владение на Агенцијата за државни патишта ќе биде од голема помош за општина Охрид, од финансиски аспект и притоа изрази голема благодарност до директорот.
„Од денес веќе недела дена наназад правиме испитувања на постојното осветлување на оваа делница од Билјанини извори до Св.Стефан. Станува збор за повеќе од 220 канделабри, ние ги преземаме од денес и званично. Тие се во состојба каде што некаде недостасуваат светилки, некаде недостасуваат кабли кои што се поврзани меѓу одредени делници, меѓутоа сето тоа во периодот што следува ќе го пуштиме во употреба, ќе го санираме и од денес ќе почнат да светат и званично сите сијалици што се во употреба, меѓутоа во рок од недела дена, две, ќе бидат доведени во исправна состојба сите. На пример има места каде што некаде недостасуваат канделабри, тие се негде преку 20, и тоа ќе го санираме. Значи еден период каде што пред туристичката сезона оваа делница со осветлувањето ќе се зголеми и безбедноста на сообраќајот“. – изјави директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски државни патишта.
WebOhrid