Со одржувањето на Државното првенство завршија активностите на стрелците од национална програма за оваа година. За стрелците од Охрид, овој настап беше повеќе од успешен:
Екипен пласман-категорија пионери:
Прво место за екипата на СК „Охрид“ во состав:
Димоски Дарко(171)
Маркоски Ѓоко(157)
Димоски Виктор(147), со резултат од 475 круга
Во поединечна конкуренција Дарко Димоски се пласира на втората позиција со резултат од 171 круг, само еден круг помалку од првопласираниот.
Пионерките во состав:
Маркоска Јана (175), Маркоска Емилија (165) и Муловска Маја (170) со извонредно висок резултат од 510 кругови, за жал не беа прогласени за најуспешни заради недоволниот број на пријавени екипи.
Во поединечна конкуренција Јана Маркоска се пласира на втората позиција со резултат од 175 кругови, додека пак нејзината клубска другарка Маја Муловска заврши како третопласирана со резултат од 170 кругови.
Пионерите од ЖСК „Лихнидос“ во состав:
Јаков Јованоски(150)
Јован Матески (150)
Христијан Бајмакоски(114) завршија како петтопласирани со екипен резултат од 414 кругови.
Кај сениорките најуспешна беше Крстаноска Јулијана од СК „Охрид“ со резултат од 339 кругови, пред Гоџоска Валентина од ЖСК „Лихнидос“ со 333 кругови. Третопласирана беше Бојкица Димовска од СК „Охрид“ со резултат од 300 кругови, а на четвртата позиција заврши Јованоска Виолета истотака од екипата на СК „Охрид“ со резултат од 295 кругови. И кај сениорките немаше екипно прогласување на победници заради недоволниот број пријавени екипи.
Сениорската екипа на ЖСК „Лихнидос“ претставувана од пензионери во состав:
Јанкулоски Тоше (326)
Томе Ристески и (326)
Костадинов Фене, (327) го освои второто место со резултат од 979 кругови зад екипата на „Куманово 2000“.
И на овај натпревар не изостанаа бројните неправилности иако во повеќе наврати им е предочувано на Комисиите на федерацијата за отстранување на истите.