Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија традиционално и оваа година огранизираше маскенбал, избор за мис и богата лотарија, за лицата членови на здруженијата на глуви и наглуви од цела Македонија. Прекрасното дружење се одржа во хотелот Далјан -Охрид на 08-06-2013 година. На сцената продефилираа 52 маски и беа доделени 4 награди. Трочленото жири составено од Драгољуб Маневски, Тони Коталески и Анета Јованоска имаше тешка задача. Првото место го освои младата Радмила Периќ од Гевгелија, второто Стојан Панов од Скопје, трета беше Сефели Мирадија од Скопје и четвртот место го освои Штипјанецот Садик Велиов кој беше маскиран во гладијатор.