САД купува руски хеликоптери

Пентагон ќе потроши 572 милиони долари за купување на 30 руски војни хеликоптери кои ќе ги користи војската во Авганистан.

Хеликоптерите Ми-17 ќе ги користат специјалните единици за борба против тероризам и наркотици, како и за специјални операции.

Пентагон очекува оваа зделка да се заврши до крајот на 2014 година, а Договорот со руската компанија РособоронЕкспорт вклучува и резервни делови, опрема за тестирање и техничка поддршка.