Црногорската полиција соопшти дека уапсила 52 годишен жител на Подгорица, осомничен за кражба на кран, тежок 35 тони. Полицијата наведува дека тој ја извршил кражбата така што ја скршил влезната порта на еден градежен плац и потоа ангажирал авто-дигалка и три камиони за носење на деловите од размонтираниот кран.
Тој ги продал металните делови од кранот на еден отпад за секундарни суровини во Никшиќ. Полицијата ги пронашла украдените делови од кранот и му ги вратила на сопственикот. Веднаш по апсењето, сторителот бил предаден на државното обвинителство во Подгорица.