ФЗОМ ја информира јавноста во врска со осигурените лица кои не успеаја да достават барање за издавање на ЕЗК, да го сторат тоа во најбрз можен рок во подрачните служби на ФЗОМ.
За да може осигурените лица да ги подигнат сините картони, ќе мора да поднесат барање за издавање на ЕЗК. ФЗОМ ги повикува сите преостанати правни и физички лица кои немаат доставено барање или уплата за издавање на ЕЗК, истото да го направат во најбрз можен рок во подрачните служби на ФЗОМ.
Пенизонерите кои се на возраст над 70 години, како и на изнемоштените лицај кои не успеаја да поднесат барање за издавање на ЕЗК, ќе може и во наредниот период на бесплатниот телефонски 0800 33 2222 да побараат документите за ЕЗК да им бидат превземени од нивните домови.
ФЗОМ како институција е задоволна од одзивот на граѓаните во врска со доставување на барања за ЕЗК. Над 1,200.000 осигурени лица доставиле барања за издавање на ЕЗК.
За оние осигурени лица кои сеуште немаат поднесено барање за издавање на ЕЗК, за да може да ги подигнат сините картони, ќе мора да поднесат барање за издавање на ЕЗК. ФЗОМ ги повикува сите преостанати правни и физички лица кои немаат доставено барање или уплата за издавање на ЕЗК, истото да го направат во најбрз можен рок во подрачните служби на ФЗОМ.