Не сонувајте – Сонкувајте!

НЕ СОНУВАЈТЕ – СОНКУВАЈТЕ ! – порачуваат  членовите на СОНК при ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец.

Членовите на СОНК  при ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, во рамките на својата рекреативна програма остварија уште една активност и уште едно  ветување од синдикалниот лидер, проф. Димче Донески, кој по успешно завршените, веќе традиционални спортски синдикални игри, им вети, им подготви, организира и реализира уште едно прекрасно заедничко патување до Албанија. Овојпат во Тирана и Драч на еднодневна  прошетка, каде посетија повеќе културно-историски  споменици и јавни установи, и неколку часовна плажа на брегот на албанскиот дел од Адриатикот (Јадранот).

Целта, секако, е синдикалното дружење и сплотеност, како и желбата да се запознаат повеќе земји, народи и култури, но и нивниот начин на справување со синдикалните проблеми. Со еден ваков научно-рекреативен карактер беше и  оваа еднодневна екскурзија  на синдикалците  – наставници   и други вработени  од училиштето – од која задоволни се вратија сите (без исклучок) кои беа дел од патувањето. Секако, заедничкото дружење  е цел сама по себе, но  исто така тоа придонесува за поголема синдикална сплотеност и цврстина во борбата  за  остварување на синдикалните права. Заедничката прошетка и дружење, несомнено   претставуваат релаксирање и опуштање после напорната работа во текот на учебната година, особено оваа година кога беше пренапорно да се биде  наставник- административец во комуникацијата со електронскиот дневник, а истовремено подложен и на фамозното екстерно оценување.

Вакви екскурзии и прошетки, односно посети  во околните  градови и држави се  веќе реализирани и во изминатите две години, а  следната посета  и прошетка е закажана за  крајот на месец август кога во соработка со колегите-синдикалци-наставници од Лесковац, ќе ја посетат Србија и градот Лесковац, односно  тамошните училишта со кои веќе е испланирано и се подготвува меѓусебно збратимување.

WebOhrid / Фото: ДИМ ДОН