Невреме го зафати Оровник, Трајкоски направи увид и најави надохнада на штетата

Денес с. Оровник го зафати силно невреме проследено со силни врнежи од град со што погодени беа голем дел од насадите.

Токму поради тоа градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски, излезе да направи увид на самото место при што укажа дека уште од утре ќе може жителите на погодените села да достават барање за надохнада на штетата направена од обилните дождови на град до посебна Комисија во Општина Дебрца која е формирана за таа цел.

OrovnikNevreme2