Шестчлена делегација на Црвен крст Охрид, составена од спасители на вода и спасители на планина, од 14 јули престојува во работна посета на Црвен крст Бамберг, Германија. На своето долгогодишно пријателство и соработка со Црвен крст Бамберг, последниве неколку години, Црвен крст Охрид му даде поширока димензија со воведување на континуирани и конкретни заеднички активности насочени кон подобрување и усовршување на нови знаења и техники во работата на Единиците за безбедност на вода и безбедност на планина и непристапни терени. Спасителите на вода и планина на Црвен крст Охрид имаа единствена можност да разменат искуства со своите колеги од соодветните единици на Црвен крст Бамберг, но и да се запознаат со нови содржини во областа на спасувањето на вода, спасувањето на планина и укажувањето на прва помош, како и со опремата која ја поседуваат соодветните единици за спасување на Црвен крст Бамберг.
Заеднички активности во областа на безбедност на вода и планина, како и прва помош, беа договорени да се реализираат наредната година во Охрид, во вид на летен камп на кој учество ќе земат младите од Црвен крст Бамберг и Црвен крст Охрид.