Комедијата „Тартиф“ од Молиер вечерва на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток од 21:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ на програмата на „Охридско Лето“ е театарската претстава Тартиф од Молиер.

Комедијата Тартиф од Молиер  премиерно била прикажана уште во 1664 година. Оваа комедија е всушност редица на интересни ликови, но, денес за нас не е толку важно која личност била прототип на Тартиф, туку поважен е фактот дека Тартиф е израз на една општествена појава која пуштила длабоки корени во тоа време.

Првата црта со која се одликува Тартиф е сложената тактика со која се служи при измамата со луѓето. Лицемерството, интригата, способноста брзо да ги открие слабите страни на човечката душа, тоа се карактерните црти на Тартиф.

Втората карактеристика е тоа што нема измама и лага кои Тартиф не би можел да ги оправда со повисока цел.

Третата црта на Тартиф се одвратните карактеристики на неговата душа во моментот кога ја трга маската и се покажува каков е всушност самиот тој, неговата лакомост, ненаситност, а најмногу развратност, што претставува остра спротивност на она што самиот го зборува. А во додворувањето кон Елмира, Тартиф покажува необичен цинизам.

Но, можеби најважна особина на Тартиф е тоа што тој има врски насекаде, и во дворот и во административните кругови.

PREDNA