Постапката за издавање одобренија за градење ќе се спроведува исклучително по електронски пат

Се известуваат граѓаните на општина Охрид дека целокупната постапка за издавање одобрениjа за градење Oпштината е должна од 01.06.2013 година да ја спроведува исклучително по електронски пат, согласно:

  – член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење (Сл.весник на Република Македонија бр.25/03).

 –  Уредба на Владата на Република Македонија за воспоставување и начин на користење на информациски систем за спроведување на постапка за одобрениа за градење по електронски пат (Сл.весник на Република Македонија бр.83/13) 

– Правилник на Министерството за транспорт и врски за начинот за спроведување на постапката за добивање на одобрение за градење на електронски начин ( Сл.весник на Република Македонија бр.80/13 и 89/13).

Општина Охрид преку ова известување ги информира граѓаните дека поднесувањето на барањата за добивање одобренија и постапката за издавање на одобренија за градење се води исклучително по електронски пат.

За барањата кои се поднесени до 01.06.2013 година, Општина Охрид истите ги спроведува по старата постапка согласно Законот за градење.

За поднесување на е-одобрение за градење изготвени се упатства за користење на овој систем.

Истите се објавени на веб – страницата на Општина Охрид и веб страница преку која се поднесува барањето за е-одобрение за градење- www.gradezna-dozvola.mk

Лице за контакт: Сашо Тренески, 046 262-492, 046 262-493 локал 149

Е – ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ: Правилници за спроведување и постапка за издавање на одобрение за градење по електронски пат