Пратениците во парламентот во Тајван се степаа за време на расправата за референдум за изградба на нова атомска централа.
Се тврди дека централата е скоро завршена и дека би можела да започне со работа во 2016 година. Тоа би требало да биде четврта нуклеарна централа на Тајван, но нејзината изградба наиде на противење и вон парламентот.
За време на седницата, пред парламентот се собрале неколку стотини противници на атомската енергија.
Доколку парламентот го прифати предлогот за одржување на референдум, гласањето би требало да се изврши во рок од шест месеци, со излезеност поголема од 50% на гласачкото тело.