Засега непозната криминална група ограбила супермаркет во Бриндиси на југот од Италија. Како што изјави полицијата, криминалците во супермаркетот влетале со булдожер и успеале да украдат повеќе од 100 илјади евра.
Полицијата ги анализира снимките кои ги направила сигурносната камера, во грабежот кој траел само неколку минути. Тие соопштуваат дека крадците најпрво со камиони го блокирале влезот во шопинг-центарот, во кој се наоѓал супермаркетот.