Празникот Голема Богородица се слави и во Велестово

Православните христијани низ целата држава денес го слават празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.

Денеска во црквата „Света Богородица“ – Каменско, се служеше света архиерејска литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високо преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Празникот Голема Богородица се одбележува низ сите храмови во Охрид.

Во Црквата Успение на Пресвета Богородица во с. Велестово, голем број православни верници палеа свеќи и се молеа за нивно здравје и среќа. Традиционално на самиот влез од црквата стоеа девојчиња кои што им нудеа бомбончиња на посетителите.

Golema_Bogorodica_Velestovo_2