Ракометарите на Металург успеаа со 26:16 да го победат Пик Сегед во првиот натпревар од квалификациите за пласман во Лигата на шампиони.
Првото полувреме беше неизвесно, нашите ракометари водеа цело време, а на полувреме имаа само 2 голови предност 13:11.
Во второто полувреме нашите покажаа блескава игра и во нападот и во одбраната, па предноста ја зголемија на 10 голови разлика. Со оваа победа од 26:16 ракометарите на Металург обезбедија голема предност пред повратниот дуел против Пик Сегед.
WebOhrid