Рано утрово беше извршено второто авионско запрашување против комарци. Запрашувањето се одвиваше на на 1.500 ha и тоа на крајбрежјето на потег од с. Подмоље до населбата Св. Наум и територијата на град Охрид.
Ова беше второ авионско запрашување оваа година. Претходно беа извршени уште три терестички (од земја) запрашувања против комарци на територијата на општина Охрид. Надлежните известуваат дека препаратот со кој се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.