Едногодишно дете загина од залутан куршум додека неговите родители го возеле со количка во квартот Бруклин во Њујорк.
Во соопштението од полицијата се наведува дека родителите преминувале на пешачки премин кога дошло до пукање при што детето добило прострелна рана на левата страна од лицето.
Детето било веднаш пренесено во болница каде само била констатирана неговата смрт. Полицијата сеуште не го открила виновникот за овој немил настан, но како што пренесуваат американските медиуми куршумите биле наменети за таткото од детето.