Француските цариници запленија 65 килограми хероин во тунелот под Ламанш, пронајдени во едно комбе.
Во соопштението од Француските Царински Служби се наведува дека станува збор за многу голема количина, бидејќи пронајдената дрога е еднаква на една четвртина од вкупната количина на хероин која француските власти ја заплениле во 2012.
Хероинот бил завиткан во 120 пакетчиња и скриен во бојлер кој комбето го пренесувало од Холандија во Британија. Вредноста на запленетата дрога се проценува на повеќе од 2,6 милиони евра.