Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 8 септември 2013 година (недела), Денот на независноста, односно 9 септември 2013 година (понеделник), е неработен ден за граѓаните на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на независноста.